Радио Милева

Прво јавно појавување заедно: Елена Ристеска и момчето во прв ред на Моден Викенд Скопје (фото)

Прво јавно појавување заедно: Елена Ристеска и момчето во прв ред на Моден Викенд Скопје (фото)

Пејачката Елена Ристеска неодамна за домашните медиуми потврди дека е во љубовна врска со скопјанецот Филип Арсовски, кој инаку е сопственик на еден познат скопски ресторан за здрава храна.

Сепак, на Еленче очигледно и требаше време пред да се одлучи за јавно појавување со саканиот пред камери и фоторепортери или пак да објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи со момечето кое го освои нејзиното срце.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-risteska-ne-ostana-imuna-na-glasinite-za-novoto-momche-ova-e-nejzinata-reakcija/

Сега, дојде време Елена да се одлучи пред будното око на јавноста да се појави со Филип и тоа на Модниот Викенд во Скопје. Тие се појавија заедно на ова модно случување и како специјални гости седнаа во првиот ред, сосема одлична позиција за фографите да имаат убав кадар за овековечување на моментот.

фото:Fashion Weekend Skopje/ принтскрин/фејсбук

Елена на себе имаше тренди комбинација од црвено палто споено споено принт маичка и црни панталони, додека нејзиниот партнер се одлучил за минималистичка црна комбинација од која со фокус се издвоија неговите впечатливи тетоважи на рацете.

Дали ова е старт и поттик на Елена и Филип да ја покажуваат својата врска поинтензивно и во јавност, останува да видиме.

To top