Принцот Чарлс и принцезата Дијана се заколнаа на вечна љубов во 1981 година, а веќе следната година го добија првото дете, синот Вилијам.
Во 1984 година, принцезата Дијана го роди и својот втор син, принцот Хари. Како пишуваат медиумите, во текот на втората бременост, принцезата криела голема тајна од принцот Чарлс.
Имено, таа знаела дека и второто дете ќе биде момче, но не сакала да му каже на својот сопруг.
„Таа на ултразвук откри дека носи момче. Чарл многу сакаше да има момче и девојче, па Дијана не му кажа за вториот син. Многу се разочара кога се роди Хари, па од јавноста не криеше дека е разочаран“ тврди кралскиот биограф Ендру Мортон.
За потсетување, денес синовите на принцезата Дијана се во среќни бракови, односно принцот Вилијам е во брак со Кејт Мидлтон, а принцот Хари со Меган Маркл.