Кијану Ривс (55) се појави на јавен настан со партнерката Александра Грант (46), што, верувале или не, е негов прв јавен настап со девојка досега!
Двајцата пристигнаа на „LACMA Art + Film Gala by Gucci“ во Лос Анџелес во саботата, 2-ри ноември, држејќи се за раце, со широка насмевка позирајќи за собраните фоторепортери.
Кијану носеше црн костум за оваа пригода, додека Александра избра елегантен фустан во грчки стил.
Александра и Кијану се пријатели и соработници првенствено со години. Таа работеше и на неговата книга „Ode to Happiness“ која е издадена во 2011 година.
Тоа беше нивна прва соработка и тие продолжија да соработуваат и во 2016 година на книгата „Shadows“, чиј автор е исто така Ривс, а илустрациите се дело на Грант.
Двојката ја основаше издавачката куќа „Книги на Х уметници“ во 2017 година.
Александра и Кијану се запознаа на вечера во 2009 година, и ова е прв пат од нивната актерска кариера тој да се појави рака под рака со партнерка.
Кијану сè уште не се огласил по повод појавувањето со партнерка на црвениот килим.