Мегафон

Перфoрманс “MOONLIGHT” во МКЦ

Перфoрманс “MOONLIGHT” во МКЦ

Moonlight е кореографски проект фокусиран на поетски структури, сценско изведбено истражување на дисперзирани значења, како прилагодлива реалност. Овој предлог повторно ги открива постојано воспоставените идентитети, со пристап на оголување и оквирување на нормативното. Moonlight функционира како брза машина на промена и нарушување.
Moonlight игра со Дизни наследство, дислоцирајќи ги своите познати карактерности и разбирања.

Moonlight е и Месечина и светлина. Центрифугално нарушувањe, панк симфонија на препознатливиот, магичен маневар.
Moonlight е сонувачки филтер, тела изложени на ризик. Квир собата, една интуитивна архитектура, Аурора, Снежана и Принцот Ерик се дел од неа.

Moonlight е инициран и развиен од кореографите /изведувачи Александар Георгиев (Аце) и Дарио Барето Дамас. Во рамки на своето уметничко партнерство, тие се заинтересирани за коавторство во рамките на семејните констелации. Тие се интересираат за фасцилитирање на поетските простори, предизвикувајќи и нагласувајќи ги преиспитувањето на алтернативните линии на размислување. Тие работат околу Стокхолм, Скопје, Софија и Тенерифе.
Ко-продукција: Гараж Колектив Бугарија преку проектот “Ширење уметнички дела од Гаража Колектив 2015-2018”

To top