Некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ и младата пејачка Тања Савиќ постојано е интересна за јавноста.
Имено, иако на почетокот на кариерата беше интересна поради врската со нејзиниот колега Дарко Филиповиќ, во последните неколку години често се пишуваа за нејзиниот брак.
Тања во 2009 година заплива во брачните води со Душан Јовановиќ, а често во медиумите може да се видат написи дека наводно нивниот брак е во криза, дека сопругот физички ја малтретира, наводно и дека Душан бил на лекување….
Најново, деновиве во медиумите се појавија вести дека наводно Савиќ двпати абортирала.
„Тања Савиќ двпати абортирала?“ е еден од насловите кои Савиќ го демантираше и истакна дека е глупост.
„Тања во депресија, татко и, и забранил да роди дете“ е другиот наслов кој осамна во еден српски медиум.
По тој повод, се огласи и Савиќ и повторно ги демантираше oвие пишувања.
„А ова е уште поголема глупост. Драги мои, знаете дека не се занимавам со демантирање на жолтиот печат. Сега ги видов глупостите на насловната страница. Да се посветиме на болните деца, да се посветиме на сиромашните и немоќни луѓе кои можат секој ден да се најдат на насловната страница и на тој начин да им помогнеме на тие луѓе, а така ќе се разбуди свеста кај луѓето. Или пак ви е лесно да пишувате лаги за мене и моето семејство. Јас не сум толку интересна, јас на луѓето им ги давам моите песни и така ќе биде во иднина“ напиша Тања на „Инстаграм“.
За потсетување, пејачката од бракот има два сина, Максим и Ѓорѓе.