Иако е долгогодишен член на жирито од „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миjковиќ честопати е мета на прозивки и непријатни коменатри од директорот Саша Поповиќ.
Така беше и за време на најновото издание на оваа емисија, како резултат на настапот на кандидатката Кристина Арина, 24-годишна девојка од Бања Лука, попозната пред локалната публика од претходната сезона, кога беше под менторство на Миjковиќ.
Сепак, овој пат Кристина немаше иста среќа како и минатата година и наместо да оди во втор круг, беше пречекана од т.н. копче за паника.
„Начинот на кој ја подготви минатата година, така и помина“, и рече Саша на Вики.
„Оу, ама го пушти …“, одговори пејачката.
– Тоа е многу грд збор што го употребивте. Јас се обидувам да го доведам вокабуларот до нивото на ова шоу овде, а ти така – дофрли Поповиќ кон неа.
„Јадно ти е шоути ако е на твоето ниво на вокабулар“, кажа Вики.