Оние кои ги следат регионалните музички талент шоуа можеа да ја забележат уште пред неколку години, кога на 11 -годишна возраст се појави во „Некои нови клинци“ и воодушеви. И таму и секаде, каде што подоцна настапуваше на сцената со своите изведби на хитовите на познатите светски и балкански ѕвезди.
По првото искуство, ја видовме и на „Пинковите ѕвездички“ каде што собраното искуство веќе почна да го покажува, но и да ги впива советите на ѕвездите од жирито, да го вежба гласот и да ги тренира сценските настапи изведби, начинот на интерпретација, однесувањето пред публика, односот кон камерите…
Едноставно стакнуваше самодоверба, додека ја поминуваше естрадната школа, полека учејќи ги сите професионални трикови!
Учеството во македонскиот мјузикл посветен на Тоше, „Тајно моја“ беше заокружување на првата фаза од тукушто почнатата кариера на младата пејачка! Следуваа учеството во домашното музичко талент натпреварување „Ѕвезда број 1“ каде ќе заврши како четвртопласирана, па првата сопствена песна „Љубовна бура“ и нејзината изведба на „Макфест 2018“.
Затоа за Сара Гигова може слободно да се каже дека е новото македонско, музичко „чудо од дете“!
„Новата клинка“ полека прераснува во тинејџерска убавица, која не само што одушевува со својот се поизразен глас, туку и со својот се посовршен стас!
А мајката природа дала предиспозиции и за обете! Храбра, упорна и истрајна, за оваа 14 годишна девојка допрва ќе се слушне, зашто веруваме дека ќе има што од неа да се чуе.
Иако нејзиното мото е: „Мојата цел не е да бидам подобра од било кој друг, туку да бидам подобра од порано!“, нема воопшто да изненади ако се случи Сара Гигова да и го „украде шоуто“ и славата на попознатата роднина Антониа Гиговска?
Впрочем, признанието веќе почна да пристигнува и од самото семејство Гиговски.
Во меѓувреме слушнете каква интерпретација денес има и како сега пее Сара Гигова: