Арнолд Шварценегер гостуваше заедно со колешката Линда Хамилтон во емисијата на водителот Џејмс Корден за да го промовира својот нов филм „Terminator: Dark Fate“.
Легендарниот актер по разговорот учествуваше во една игра која самата по себе не е пријатна.
Арнолд мораше да одговори на прашањето кое му го постави Џејмс Корден, а доколку не одговори мораше да изеде некои работи кои и не изгледале баш пријатно за јадење, пенис од бик, тестиси и други работи.
„Арнолд, ти си еден од најголемите светски акциони ѕвезди, а во филмот „Expandables“ глумеше со Силвестер Сталоне, Џејсон Статам Мики Рурк. Спореди ги твоите колеги според нивните актерски способности, од најдобар кон најлош“ – му рече водителот на Шварценегер на кој му стана многу непријатно.
„Би сакал да почнам…“ – кажа Шварценегер, но на крајот не можел да даде одговор. Како казна мораше да јаде тестиси од мисир.