Еден од најголемите холивудски заводници, Бредли Купер своето слободно време го поминува со ќерката Леа која ја доби од врската со Ирина Шајк.
Иако, Бредли и Ирина повеќе не се заедно, тие се посветни родители и се трудат максимално да бидат со својата ќерка.
Бидејќи вчера во Америка се славеше „Ноќ на вештерките“, Бредли и Леа се маскираа во костуми кои ги одбрала неговата ќерка.
Имено, актерот и неговата наследничка во Њујорк се прошетаа како две бабички. Изгледа дека Бредли прави се за да ја направи среќна својата ќерка, а изгледа успеа во тоа бидејќи малото девојче не ја тргнуваше насмевката од лице.