Младата српска пејачка Анастасија Ражнатовиќ се прошета низ Белград во кусо розово фустанче и долга руса коса, а многумина се согласија дека што и да направи на себе, одлично и прилега.
Имено, станува збор за маска за „Ноќта на вештерките“, а Анастасија вчеравечер се забавуваше облечена како барбика.
Пејачката својата витка фигура ја истакна со високи потпетици и кожено фустанче, а повеќето коментираа дека како минатогодишната, така и оваа маска е како создадена за неа.
Освен тоа што позираше пред присутните фоторепортери, ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ, не пропушти да објави и неколку фотографии на својот профил на Инстаграм.