Басистот Мајкл Балзари (57), попознат како Фли од светски познатата група„Ред Хот Чили Пепрс“, се ожени во тајност со својата долгогодишна девојка Мелоди Есани, која е 18 години помлада од него.
Тој ги сподели среќните вести со своите следбеници на социјалните мрежи.
“Животот ми се смени засекогаш ќе бидам благодарен. Ова е личноста која ме гледа и сака мене исто каков што сум и која најдобро знае кој сум. Мојата сопруга”, напиша рокерот во описот на фотографијата од венчавката која ја сподели на својот Инстаграм.
И Мелоди имаше само зборови со пофалби за нејзиниот сопруг, нарекувајќи го најдобар пријател и љубов во нејзиниот живот.
За басист на „Ред Хот Чили Пеперс“ ова е втор брак. Фли од првиот брак ја има ќерката Клара, а со поранешната свршеница Френки Рајдер ја има и ќерката Сани Бебоп. Од 1988 до 1990 година беше оженет со Лос Зеваир.