Македонската поп пејачка Тамара Тодевска ужива во мајчинството и семејството. Таа со својот сопруг „Мачка“ и нивната мала убавица Хана, неодамна ги почувствуваа сите убавини на зимската идила.
Уживајќи на снегот и снежните игри и радости што тој ги носи, веслото семејство навистина прекрасно се забавуваше и одмораше. Сите оние кои добро ја познаваат, велат дека тамара откако се породи е друг човек. Ни „Т“ од оној нескротен, „брлив“ темперамент и неодговорно однесување… Напротив. Сега Тамара е грижлива сопруга, посветен родител, вистинска супермама за малата Хана!
Но, македонската пејачка не му кажала ниту оддалеку збогум на пеењето, кариерата естрадата и сето тоа што оди во комплет со неа… Напротив!
Последната постирана фотографија го докажува тоа! Беспрекорно нашминкана, со среден фризура, стегната во црн мрежест корсет и црно сако… Тамара изгледа како од насловница на најреномираните светски магазини! Како девојка од милион долари или поточно, како светска поп дива! Нешто помеѓу Мадона и Кајли Миног во нивните најдобри денови… Само многу помлада и поубава од нив.
Со еден збор, Тамара кога треба е повеќе од добра мајка, но, кога и треба, знае да се претвори во принцеза од бајка!
Тоа на извесен начин го потврдија и нејзините колешки од естрадата и познати и јавни ТВ лица како Каролина Гочева, Лила Филиповска, Мијата, ПР-от на „Авалон“ – Ивана Нолчева... кои со своите комплименти во коментарите ја испофалија нашата поп пејачка за тоа како изгледа на фотографијата!