Во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, имаме прилика да гледаме македонски кандидати кои знаат да остават одличен впечаток, но и да и да однесат победа во музичкото шоу.
Имено, Горан Кукиќ победи во ова музичко шоу во 2016 година, а неговата сопруга Ленче Кукиќ однесе две победи во 2019.
Ленче и Горан иако заедно настапуваат со нивниот бенд, ретко можеме заедно да ги видиме пред камери во некое заедничко интервју.
фото: Принтскрин/јутуб
Меѓутоа, деновиве тие првпат застанаа пред објективот на „Гранд оналјн“ и го дадоа своето прво заедничко интервју во кое открија детали од приватноста.
Ленче и Горан открија како ги делат професионалните и домашните обврски, кога се разделуваат, кој има поголем авторитет кај нивниот син Иван.
„Ленче е супер, таа е супер пејачка, но и јас се трудам. Долго време сме заедно, а заедно и работиме со нашиот бенд „Јупитер“ вели Горан.
фото: принтскрин/јутб
На прашањето како наоѓаат заеднички јазик кога се заедно, пејачката вели:
„Јас можам да кажам од женска страна, го решаваш истиот проблем, jа работиш истата работа, се надополнуваш, сфаќаш дека не можете еден без друг“ вели Ленче.
фото: Принтскрин/јутуб
Ленче вели дека не само работните обврски, ги делат и домашните обврски, па кога нешто не може Ленче да заврши тогаш е тука Горан да и помогне.
Парот го имаат и синот Иван кој свири триото со Влатко Стефановски, а Ленче откри кој има поголем авторитет кај синот.
„И двајцата имаме авторитет кај Иван. Имаме разбирање, Иван е добро момче, послушно. Ние сме задоволни“ вели Горан.
Ленче и Горан открија како го поминуваат своето време кога не се заедно.
Се случува и тоа. На пример, јас ги завршувам моите обврски во студио, Ленче е дома и завршува домашните обврски“ вели Кукиќ, а Ленче додава дека таа го користи и слободното време за да оди и на кафе со пријателки.
фото: принтскрин/јутуб
Тие потенцираа дека работат на новите песни кои наскоро публиката ќе може да ги слушне.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение.