Радио Милева севиљски берберин

ДНК од дуо станува трио: Берберот на Панчо шиша, бричи, масира… и пее како билбил!

ДНК од дуо станува трио: Берберот на Панчо шиша, бричи, масира… и пее како билбил!

Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или Панчо-ДНК, ако сакате е на „тешки“ маки! Раперот е пред дилема: Дали ДНК од дуо да стане трио?

Популарниот ДЈ Шорти оддамна оди на разџубавување кај еден ист бербер… извесен, мајстор „Кобра“! И човекот со право си го носи прекарот. Брз, ефикасен, точен, прецизен, уреден… потсрижува, бричи, фазонира, масира… Ама при тоа „Кобра“ не е обичен, туку е вистински, „севиљски берберин“.

Ај што ја има работата во „мал прст“- ја има, туку „Кобра“ иако има змиски прекар, има и „птичји глас“. Берберот на Панчо, пее како билбил! Скриениот талент на мајсторот, Панчо го откри при еден од последните третмани!

Па потоа се стави на тешки маки: да го прават ли со Андреј дуото трио или… да останат со „Кобра“ на потсрижување и бричење?

И додека берберот го масираше раперот, тој со нетрпение го чекаше одговорот: Што ќе каже Андреј на идејата?

А, Андреј никако да се јави, па… „севиљскиот берберин“ од мака запеа: „А тебе неееема, а тебе неееееемаааааа…“!  Ех „Кобра“ бре… пејачиште!!!

To top