Актерката Џејн Фонда беше уапсена за учество во протести против климатските промени пред Конгресот во Вашингтон.
Ова е трет пат актерката да биде приведена, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето, објави АП.
– Јас не чувствувам никакво жалење заради фактот дека треба да истраеме. Ако тие ја кажеа вистината пред 30 години, транзицијата може да биде умерена, можеше да биде постепено. Но, бидејќи тие лажеа и криеја што знаат, сега мора да бидеме радикални – изјавила актерката неодамна.
Фановите кои ја следат на социјалните медиуми ги споделија своите мислења за протестите.
Имено, иако повеќето од нив ја поддржуваат, други сепак се спротивставуваат на неа затоа што сметаат дека вака само допушта да биде понижена.
„Луда си, се бориш за ништо“, напишаа тие.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=54&v=of6yy8AGhT0