Радио Милева

Меган Маркл молела да ја има во таблоидите!

Меган Маркл молела да ја има во таблоидите!

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, неодамна се појави во документарецот на ИТВ, каде тврдеше дека не го сакала вниманието на медиумите поради кралскиот живот. Сепак, уредничката на едно списание тврди дека Маркл не била секогаш повлечена, туку се молела да ја „вметнат во таблоидите“.

Според „Дејли меил“, Кејти Хинд се запознала со сегашната Војвотка од Сасекс во Лондон во ноември 2013 година, кога била уредничка и колумнистка за списанието „Sunday Pipe“.

фото:инстаграм

Меган во тоа време не беше позната надвор од САД, и покрај глумењето во американската ТВ серија „Костуми“. Таа сакаше тоа да се промени и молеше британски новинар да се сретне со неа и да одат на пијалок.

„Таа имаше желба да се вработи во Велика Британија“, рече Хинд.

Таа исто така тврди дека војвотката ја прашала совет за тогашниот фудбалер на Челси, Ешли Кол, кој ја следел актерката на Твитер и „доста се трудел“.


– И реков да се држи настрана од неславниот фудбалер, кој го пропадна својот брак заради неверство. Меган изгледаше разочарана и се чувствуваше лошо затоа што го расипав нејзиниот сон да стане позната девојка или сопруга на фудбалерот – додаде Хинд.

To top