Шведскиот фудбалер со босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, се нашол во вербален клинч со еден навивач кој му испратил неколку пцости и навреди на кои Ибра возвратил уште побрутално и повулгарно.
Фудбалерите на „Лос Анџелес Галакси“ беа елиминирани во плеј-офот во МЛС лигата од градскиот ривал, ФК Лос Анџелес.
Иако Ибра пружи одлична партија и на овој натпревар, тоа не беше доволно да се обезбеди виза, за неговиот клуб да мине понатаму во ова натпреварување.
Емоциите проработеа, па додека Златан заминуваше кон соблекувалната, еден навивач му испрати салва од навреди на кои Швеѓанецот не остана имун.
Поточно, тој му одговори уште побрутално и му возврати крајно вулгарно – фаќајќи се и покажувајќи му ја својата машкост! Па уште тој овековечен момент го споделил на својот Инстаграм, зачинувајќи го со „пикантна“ порака: „Јади го ова“!
Погледнете го потегот за кој бруи целата планета: