Црногорскиот пејач Бојан Томовиќ, наводно, се обидел да се самоубие, но трагичниот исход бил избегнат кога полицијата бргу реагирала и влетала во неговиот стан.
Томовиќ претходно на својот профил на Инстаграм објавил проштална порака, во која им се извинил на своите најблиски.
Црногорската полиција одговорила на повикот од соседите дека нешто чудно се случува во станот на познатиот пејач. По интервенцијата, Бојан бил пронајден во критична состојба.
„Мајко, брате, извинете, но јас не можам повеќе вака. Никој не е виновен. Јас си заминувам среќен кај мојот Тај. Погребете ме на Цетиње, тоа е мојата единствена и последна желба“- напишал Томовиќ во прошталната порака на социјалните мрежи.