Радио Милева

„И да не се пријавите, Виш Инспектор Томе ќе ве најде!“: Во новата сезона на „Преспав“ сега и Вие можете да биде меѓу гостите – еве како…

„И да не се пријавите, Виш Инспектор Томе ќе ве најде!“: Во новата сезона на „Преспав“ сега и Вие можете да биде меѓу гостите – еве како…

Започна снимањето на четвртата сезона на „Преспав“ која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век и најголем успех.

Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор, за што продуцентот Пеце Талески, изјави:

Со МРТВ заеднички работиме на развој и унапредување на македонската телевизиска продукција и се надевам дека ги поставуваме стандардите за годините што следуваат.“

Емитувањето ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube.

По измината успешна сезона, со која Преспав докажа дека е особено позитивен пример во македонскиот медиумски простор, МРТВ и оваа година застанува зад омилениот ТВ продукт на публиката и му отстапува prime time на првиот канал на Македонската телевизија“ – изјави Марјан Цветковски, директор на МРТВ.

„Преспавци“ вака или онака се омилени, но сега четвртата сезона ја отвораат во ново руво, односно нова сценографија од ентериерот на популарниот пансион. Исто така, во оваа сеозна и Вие ќе можете да бидете дел од серијата како статисти. Преку официјалната Фејсбук страница на „Преспав“ се обрати Виш Инспектор Томе кој вели дека и да не се пријатите, тој ќе ве најде.

Прием! Преспав бара СТАТИСТИ! Секој субјекат што се осејќат спремен за ваков подвиг може да ни испратит порака во инбокс со слика (анфас, профил и фигура), телефонски број и години.
И да не се пријавите, Виш Инспектор Томе ќе ве најде!- се обрати Вишиот Инспектор во Преспа.

Првата постава на актерската екипа останува речиси непроменета. Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.

Идејата и концептот за „Преспав“ се на Елеонора Венинова и на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режираат: Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија и Георги Унковски. Сценаријата ги пишуваат: Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева и младите сценаристи Артин Селамани, Игор Трајковски и Огнен Неделковски. Директор на фотографија е Дејан Димески, а монтажер и супервизор на звук е Сашко Потер Мицевски. Костимограф е Емилија Ивановска Атанасовска, автор на сценографијата е Снежана Поњавиќ Муча, а шминката е на Ирена Сенокозлиоска.

До декември ќе почекаме уште малку, а дотогаш Ве поздравува Марио!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Zafircev (@vasilzafircev) on

To top