Холивудската sвезда Алек Болдвин (61) се појави во шоуто со Џими Фелон, каде го претстави новиот филм „Motherless Brooklyn“, чија премиера е закажана за 1-ви ноември.
Филмот е во режија на Едвард Нортон, а актерот рече дека е задоволен од тоа како се испаднало.
– Тоа е одлична драма, а Евард направи одлична работа – рече актерот во шоуто, а потоа на ред дојде темата килограми.
Алек посака пред сите да се пофали со новата линија, па тоа го демонстрираше така што стана од фотелјата, ги соблече пантолоните и остана само по гаќи.
– Вие не ми верувате дека изгубив килограми? Сега ќе ви покажам! Дали сте подготвени? праша Болдвин пред да ги симне панталоните, а водителот се обидел да ја покрие гордоста со реквизит што го имаше во рацете.
„Не се мачи, не е доволно големо за да покрие“, се пошегува Алек, додавајќи дека пантолоните сами паѓаат од што е ослабен.
Инаку, актерот го очекува петто дете со сопругата, Хилариа Болдвин (35).
Погледнете исто како изгледаше тоа: