Анџела Митковски, попозната како „Вештица“, некогашна порно актерка со македонско потекло и поранешна учесничка во реалното шоу „Задруга“, на својот Инстаграм профил ги објави грозоморните закани што, наводно, ги добила од малолетник од Задар.
„Ако те видам каде и да било, ќе ти пријдам и заедно со пријателите ќе те силувам“, напишал тој во пораката што и ја испратил и објавил на Инстаграм.
Потоа Анџела објавила и фотографија од момчето од Задар.
По некоја веројатност, постот стигнал и до неговите родители, а поранешната „задругарка“ потоа го објавила и наводниот одговор од родителите на насилното момче.
„Здраво, јас сум мајка на… Навистина ми е жал за неговите зборови. Сега дознав за тоа. Те молам тргни ги објавите и фотографиите. Мојот сопруг и јас ја преземаме одговорноста за него. Благодарам. Искрено, се срамиме заради неговиот говор и однесување, но мило ми е што можам тоа да го дознаам. Благодарам“ – напишал родителот во пораката, но Анџела – „Вештица“ продолжила да биде немилосрдна.
„Вие имате одговорност!? Јас ќе поднесам тужба до Вас затоа што вашето дете е малолетник и убаво сте го воспитале! Јас лично ќе се погрижам за ова да одговарате“ – брутално им порачала Анџела на родителите на момчето, обраќајќи им се на своите следбеници на социјалните мрежи преписката да ја споделуваат што повеќе и понатаму.