Радио Милева

Колешка за инспирација: Ана Стојановска ултра секси во долна облека зад завесите на „Говорна мана“ (фото)

Колешка за инспирација: Ана Стојановска ултра секси во долна облека зад завесите на „Говорна мана“ (фото)

Нема провокација, ако нема игра, а подобро место за игра од театарот не постои.

Театарската магија е создадена од актерските „магионичари“ кои и повеќе од добро ја знаат и следат оваа девиза што низ работата ги води во еден друг свет, друг живот, друга личност.

Провокација има на сцената од „даските што живот значат“, но и зад истата, каде течат подготовките и владее позитивната трема пред да се крене завесата. Во МНТ од 2017 година се игра претставата „Говорна мана“ која се уште е на репертоар, а во неа улога имаат и Игор Џамбазов и младата талентирана актерка Ана Стојановска.

фото:фејсбук/мнт

Овој пат и двајцата од зад сцената споделија фотографија на која во фокусот е Ана. Доминанта и ултра секси во црна долна облека, односно костимот од кој се трансформираше како што вели таа во „црна мамба“.

фото:инстаграм/игор џамбазов/моника грковска

А Џамбазов покрај ваква опасна мамба и немаше што многу да каже, покрај вака колешка има инспирација, но му треба и доста концентрација.

фото:инстаграм/ана стојановска

Инаку, доколку досега не сте ја погледнале, „Говорна мана“ е работена според текстот на современиот автор Горан Марковиќ и во режија на Драгана Милошевска. Дејствието се одвива во театар, во гримиорна на еден актер, првенец, на крајот на неговата кариера. Тој се штити себе си така што ги затвора очите пред општествената реалност и бега во илузиите кои му ги овозможува театарот, се дури одбегнувањето на околностите не го направат невозможно. На спротивната страна е млад човек со кариера која ветува… Се разбира и една актерка. Раскошно напишаните ликови преиспитувајќи ја сопствената морална одговорност не соочуваат со нашите склоности кон прикривањето на одговорноста и соучеството.

To top