Гоца Тржан деновиве ја објави својата нова песна „Жена за една ноќ“ за која сними и видео запис.
Пејачката не крие дека била жртва на изгубена љубов, но и дека многупати била жена за една ноќ.
„И неколку пати сум била жена за една ноќ. На никој никогаш не сум била љубовница. Бев жена за една ноќ во смисла да чекам мажот да се претвори во принц. Принцот се раѓа, се воспитува. Жената може да биде жртва или да биде среќна што нашла маж кој и одговара“ вели Тржан.
Гоца за потреби на спотот, наместо да ангажира манекен, таа го ангажираше нејзиниот сопруг Радомир Раша Новаковиќ.
„Кога се опушти и кога престана да игра во спотот, заборавиме дека сме пред камери, беше навистина добар. Во еден момент беше изнервиран и ми кажа дека не може, тогаш му реков да гледа во мене и да се концентрира, тогаш се беше супер“ објаснува пејачката.
Во пролжение слушнете ја новата песна на Гоца.