Моника Белучи е една од најубавите жени на светот и иако е длабоко во шестата деценија, сепак изгледа совршено.
Неодамна ја исече косата, што беше нејзин заштитен знак, а многумина се согласија дека по оваа промена е уште поубава.
Актерката синоќа присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите на Филмскиот фестивал Лумиер во францускиот град Лион, а за црвениот тепих избра елегантна тоалета во винска нијанса и дискретно деколте.
Сепак, обожавателите на Моника беа најмногу изненадени од нејзината црвеникава, кратка коса, а повеќето коментираат дека Белучи изгледа 10 години помлада со својата нова фризура.
Како Ви се допаѓа оваа промена?