Мајли Сајрус неодамна се вклучи во живо на Инстаграм и без задршка го прозва својот поранешен сопруг.
“Постојат добри луѓе кои имаат храброст. Сум запознала само еден од нив и тој е тука, во ова вклучување”, рече Мајли Сајрус.
И овој „единствениот кој има храброст“ е австралискиот пејач Коди Симпсон кој го следеше нејзиното обраќање на Инстаграм.
„Постојат добри мажи таму некаде, не се откажувајте. Не мора да бидете геј, има мажи со „храброст“, само треба да ги најдете“, додаде Мајли.
„Отсекогаш мислев дека морам да бидам геј затоа што сите мажи ги сметав за зли, но тоа не е вистина“, заклучи таа веројатно алудирајќи на нејзиниот екс-сопруг Лијам Хемсворт.