Пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски изминатите неколку години доста го промени изгледот. Таа е една од оние жени кои не се плашат од промени, ги следи трендовите и самоуверено ги применува на себе.
Бојана пред неколку месеци стана мајка по вторпат и на свет го донесе синчето Ѓорѓи, кое сега заедно со малата Искра се најголемата радост во нивниот дом.
Бојана е активна на социјалните мрежи, а иако периодов е максимално посветена на мајчинството и семејството, таа умее да најде време за себе, особено за разубавување и враќање во форма во постпородилниот период.
Овој пат Бојана се одлучи да ја скрати косата во популарната „стаклена фризура“ и од русокоси да премине во црнки.
Промената ја овековечи со неколку фотографии на социјалните мрежи, за кои следбениците и пријатели и напишаа само комплименти.