Пејачката Тања Савиќ гостуваше во емисијата „Премиера-викенд специјал“ и по тој повод проговори за здраствените проблеми кои ја мачат во последно време.
Таа откри дека неодамна била на лекар.
-Четири часа бев на лекар, ме прегледаа, ми дадоа лекови за гласните жици. Јас се надевам дека публиката ќе ми помогне во пеењето, вели Тања, а пренесува Пинк.
Пејачката истакна и дека на родителските средби за своите синови оди таа, но родителите на останатите деца главно не ја препознаваат.
-јас мислам дека половина не ме препознаваат, можеби и повеќе од тоа, затоа што сите се странци, вели пејачката Тања Савиќ.