Откако заврши третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“, гледачите останаа со прашалници дали ќе има продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“. И одговорот на радост на бројниот ТВ аудиториум е – ќе има!
Имено, Тијана Дапчевиќ која ја имаше улогата на Германката Ула на својот „Инстаграм“ неодамна најави дека во средината на октомври започнуваат снимањата на новата сезона на „Преспав“, а нејзиното емитување ќе започне во декември.
Во претходната сезона имавме прилика да го гледаме секојдневието во „Преспав“, па ликовите со своите карактеристики и разни карактери знаеја да ја насмејат публиката до солзи.
Рецепционерот Талат со својот смешен изглед и хумор, брзо ја освои македонската публика и стана еден од омилените лекови, а на социјалните мрежи се најдоа многу негови смешни цитати.
Германката Ула која ја игра Тијана Дапчевиќ беше сопруга на Коста и се обидуваше да го убеди да си заминат од пансионот.
Тука беа и чичко Миле, инспектор Томе, Јелена од Драчево, Коста…
Сите со своите особини ги создаваа и ги решаваа проблемите, а заедно направија серијата да биде најгледана и со нетрпение да се очекува новата сезона.
Како што и најави Дапчевиќ, новата сезона започна да се снима деновиве, а веќе на социјалните мрежи се појавија и првите фотографии.
Имено, на „Инстаграм“ е отворен профил на ликот Ула каде се објавени првите фотографии од снимањето, а газда Ула се пофали кој ја посетил.
„Дојдоа Марио и Јелена на гости малце“ напиша Ула во една објава на „Инстаграм“.
На фотографија со Дритон, односно со Талат, Ула напиша: „И Талат дошол да посети газда Ула“, стои на профилот на Ула.
Тијана на својот „Инстаграм“ исто така објави фотографија во ресторан со своите колеги од „Преспав“ и напиша:
„Со моите колеги од Преспав“.
Тие исто така во ресторанот го прославија и роденденот на Јелена Јованова.
Што не очекува во четвртата сезона на „Преспав“ и какви промени ќе има останува да видиме.