Актерката Џенифер Лоренс (29) се омажи за сопственикот на уметничката галерија во Њујорк, Кук Марони, пишуваат американските медиуми.
Венчавката се одржала во луксузна вила на мирен и раскошен остров, а церемонијата била во строга тајност се до самиот ден на венчавката.
На свадбата меѓу 150те гости биле и холивудските ѕвезди: Ема Стоун, Крис Џенер, Камер Дијаз, Адел и многу други, а многу од нив на имотот пристигнале уште во петок.
Како што пишуваат американските медиуми, Џенифер судбодносото „да“ го кажала во едноставна, романтична венчаница од „Диор“, а на социјалните мрежи се појави фотографија од Џенифер на која се гледа дека е среќна.
За потсетување, парот се сврши во февруари оваа година, а заедно се од јуни 2018 година. Целата церемонија била во знак на романтика, а гламурнозната прослава продолжила до зори.