По 14 годишна врска, Рафаел Надал утре ќе го изговори судбоносното „да“ со девојката Марија Франсиски Перело.
Свадбената церемонија ќе биде на имотот „La fortalesa“ на Мајорка која е позната по тоа што таму се снима и серијата „The Night Manager“.
Недал поради свадбата го зафатил целиот комплекс, а судбоносното „да“ ќе го каже на тврдината.
За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Рафа ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.
На тврдината е поставен шатор за да не може да се фотографира и снима од воздух, а парот ја одбрал токму оваа тврдина за да ја зачува приватноста.
На свадбата ќе присуствуваат 500 гости. Исто така строго е забрането користење на мобилни телефони.
Меѓу гостите ќе биде и шпанскиот крал Хуан Карлос, Кристијано Роналдо, Енрике Инглесијас.
За потсетување, Рафаел ја запроси Марија претходната година на романтично патување во Рим.