Радио Милева

Дара Бубамара: „Велат дека објавувам провокативни фотографии, но оние што ги имам во телефон се полоши“

Дара Бубамара: „Велат дека објавувам провокативни фотографии, но оние што ги имам во телефон се полоши“

Дара Бубамара ја пишуваа својата автобиографија во која ќе ги изнесе сите детали за својот бурен живот исполнет со скандали и секс афери.

Иако официјално се разведе од Милан Кесиќ и тврди дека моментално нема момче, Дара се пофали дека е активна во сексуалниот живот.

„Некогаш имам секс пет пати на ден“ вели фолкерката која редовно на социјалните мрежи добива непристојни понуди, како и фотографии од полов орган.

„Ги блокирам сите на социјалните мрежи кои ќе ми праќаат непристојни понуди. Ми праќаат и голи фотографии, на што личи тоа?“ вели Дара.

Пејачката вели дека во кревет е уште “понемирна“.

„Многу сум слободна и перверзна. Луѓето велат дека објавувам перверзни фотографии на Инстаграм, а оние кои ги чувам во телефон се полоши. Но, не сакам да зборувам за тоа, сепак треба да зачувам малку приватност и за себе. Засега добро го кријам својот приватен живот, се надевам дека така ќе остане. Нешто треба да зачувам за себе поради сопствен мир и среќа“ вели Дара.

 

To top