Самохраната мајка Сара Рено (која не сакаше да го открива името) тврди дека пејачот Халид Мусломовиќ наводно на концерт во Мелбурн во 2015 година ја завел, а потоа ја ограбил.
„Ме фати за рака, сакаше да се фотографираме, така се започна“ вели Сара.
Според нејзините тврдења, Халид и барал пари тврдејќи дека му треба помош во работни проекти и музички концерти. Таа тврди дека му дала повеќе од 400 000 долари.
„Мислев дека ќе ми ги врати тие пари. Не се сомневав во него, бевме заедно три години, бев заљубена“ вели мајката на три деца.
Таа тврди дека поради тој заем добила и отказ на работа, па заминала во Босна да се сретне со пејачот кој не сакал да ги врати парите.
„Ме удари во лице, ме гризна за рака и ме турна на под“ вели таа.
Таа тврди дека поради него го изгубила кровот на глава и децата.
„Тој е чудовиште. Животно“ вели Сара за „ Current Affair”.
Сара тврди дека Халид ги совладал актерските вештини за манипулација во односите со луѓето бидејќи лаже дека не биле во врска.
Халид не сакаше да ги коментира овие пишувања бидејќи во тек е судска постапка, но тврди дека станува збор за голема лага и манипулација од страна на жената.
„Првото рочиште е закажано за 29 октомври. Јас не можам ништо да коментирам“ вели Халид и додава:
„Се е голема лага и манипулација. Дали знаете која е таа жена? Не можам ништо да коментирам ниту да зборувам додека не се реши на суд. Кога судот ќе одлучи тогаш ќе давам интервјуа“ вели пејачот.