Македонската пејачка Девана Ѓорѓиевска, попозната под уметничкото име Девана Нардели покрај професионалните ангажмани и обврски како пејач во Македонската опера и балет,често настапува и по ноќните локали во Скопје и Македонија.
Девана исто така постојано постира фотографии на социјалните мрежи… Само што нејзините не се исклучиво врзани со професијата. Секако ги има и оние од настапите, на кои како што е познато покрај гласот потребен е и добар алат, во случајов микрофон! Затоа Девана неодамна се пофали дека „без добар Шур, нема добар жур“, па гордо покажа како стручно и цврсто го држи „Шурот“ в рака!
И тоа е нормално и разбирливо за на фотографија. Ама, само некој ден потоа, ете ти ја пејачката со нова играчка в раце… И тоа опасна! На неа не се пее… Може само да ти го „свирне“… Во чело или некаде во тело и толку. Ама Девана не е таква. Таа се дружи со „опасната алатка“, само заради мерки на претпазливост… Или предупредување!
Иако изгледа како „опасна девојка“, таа со потенцијалните „ривалки“ е солидарна! Така барем самата вели! И се однесува… Па од солидарност кон жените со „набиени рогови“ кои гордо си ги носат, и самата си стави рогчиња на глава… За да ги потсети со постирана фотографија и статус во стилот: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“! Која во нејзината приказна се најде потсетена и погодена, само таа знае! И веројатно онаа, на која пораката и е упатена!
Како и да е, од досега приложеното едно е сигурно: Девана што и да фати – добро го држи, а и добро и стои… Од микрофон, преку пиштол, до рогови…! Само, пазете на што ќе налетате!