Познатата актерка вчера првпат се огласи на социјалната мрежа „Инстаграм“, а бидејќи многу луѓе ја заследиле дошло до технички проблеми, па компанијата „Инстаграм“ мораше да се огласи со соопштение.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат потешкотии да влезат на профилот на Џенифер – бројот за заинтересенсирани е неверојатен. Активно работиме на тоа да дојдеме до решение и се надеваме дека наскоро ќе го пронајдеме за да работи се без проблем“ пишува компанијата.
Актерката објави фотографија која собра 8 300 000 лајкови.
Таа отвори свој профил на Инстаграм и првата фотографија која ја објави е со колегите од најпопуларната серија „Пријатели“.
Анистон под фотографијата напиша: „Сега сме Инстаграм Пријатели исто така. Здраво Инстаграм“.