Некогашната учесничка во реалното шоу „Преживеан“ и танцовото шоу „Танц со ѕвездите“, Александра Накова секојдневно „бомбардира“ на социјалните мрежи, а за тоа најсреќни се припадниците на посилниот пол.
Секоја нејзина нова објава е празник за очи, бидејќи знае како да ги истакне најсилните атрибути и тоа на смислен провокативен начин.
А за тоа, треба и секси гардероба која Накова не случајно ја избира.
Овој пат ги „бомбардираше“ машките мозоци облечена во кусо црно фустанче кое повеќе открива отколку што сокрива.
Се намести во посакуваната поза од која градите дојдоа во фокус, а за кусо време по објавата, се редеа ласкави коментари дека е „врв“ и ниедна не и е рамна.
Таквите комплименти веруваме дополнително ја јакнат самодовербата на манекенката, која доколку не би знаеле, тешко би поверувале дека е мајка.
За да изгледа така, Накова вежба во теретана, а и кога се појавува таму, тешко кој не се препотува уште пред да почне да вежба!