Радио Милева Сурова и болно реална вистина

12 години непребол по Тоше Проески: Весна Петрушевска и Тони Цетински со сеќавање кое боли во секој збор!

12 години непребол по Тоше Проески: Весна Петрушевска и Тони Цетински со сеќавање кое боли во секој збор!

12 години и ниту една емоција не се промени, физички го нема, но толку многу е присутен во нашите мисли и срца – единствениот Тоше Проески кој на денешен ден во 2007 година го испративме во вечноста!

Минатата ноќ пред 12 години го гледавме за последен пат во емисијата „Вртелешка“ кај Весна Бејби Петрушевска, само 6 часа пред да замине така млад и полн со живот! Идолот на сите генерации! Младите го гледаа како херој, врсниците најдоа идол во него, а постарите се гордееја со Тоше како за свое дете. Колку и да се пишува е малку ама сме богати што го имавме ние!

фото:фејсбук/фан тоше проески

Неговата пријателка, актерката Весна Петрушевска го споменува секогаш, не само на деновите кога е роден и починал, но тогаш тагата е посилна, поголема, подлабока… Таа како и секогаш во изминативе години и овој 16-ти октомври се буди со болка во градите по Тоше, а нејзините емотивни статуси знаат да наежат:

фото:принтскрин/јутјуб/вртелешка

-Јас се сеќавам на 15ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу… зошто и би се потсетила? Но, затоа таа понеделничка вечер ме гребе …12 години! Се ми е кристално јасно и неговиот чекор,неговата силуета како се прикрадува за да ме изненади , широката насмевка и задршката на сопственото разочарување.Ја паметам онаа силна прегратка . Кога некој ќе ми каже дека е роден 1981 година, таа година емотивно ме врзува само за него.Помислувам јас многу често како ќе пееше денес,на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен …имам многу сеќавања со него, велат само тогаш знаеме колку сме биле, колку сме живееле и зошто да го браниме нашиот живот. Колку е се бесмислено кога таков лик ќе исчезне преку ноќ…вечерта е тука, утрото го нема…беше ладен и дождлив октомври…мене барем ми беше така….вечерва исто…те сакам бескрајно и те чувам повеќе од што мислиш бејб, пишува Весна на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

Јас се сеќавам на 15ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу…зошто и би се потсетила?но, затоа таа понеделничка вечер ме гребе …12 години! Се ми е кристално јасно и неговиот чекор,неговата силуета како се прикрадува за да ме изненади , широката насмевка и задршката на сопственото разочарување.Ја паметам онаа силна прегратка . Кога некој ќе ми каже дека е роден 1981 година, таа година емотивно ме врзува само за него.Помислувам јас многу често како ќе пееше денес,на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен …имам многу сеќавања со него, велат само тогаш знаеме колку сме биле, колку сме живееле и зошто да го браниме нашиот живот. Колку е се бесмислено кога таков лик ќе исчезне преку ноќ…вечерта е тука, утрото го нема…беше ладен и дождлив октомври…мене барем ми беше така….вечерва исто…те сакам бескрајно и те чувам повеќе од што мислиш бејб❤️❤️❤️#toseproeski #lovehimtodeath ?⭐️?❤️❤️#mysuperstar

A post shared by Vesna Petrusevska (@babymamarulz) on

И хрватскиот пејач Тони Цетински со кого Тоше соработуваше и го отпеаја дуетот, „Лагала нас мала“ и по повеќе од една деценија не може да прифати дека неговиот колега и пријател повеќе го нема.

фото:фејсбук/фан тоше проески/принтксрин

-Секоја година доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го знаеме, слушнеме или слушаме, но сепак доаѓа кај нас и не потсетува колку сме кршливи и како никогаш не знаеме што не носи следниот ден.
Многу е тешко тука за оваа година да прифатите дека не сте тука. Нашата единствена надеж е дека сте биле и сте останале доказ дека ангелите во човечки облик постојат и остануваат секогаш таму покрај нас.
Јас секогаш сакам да кажам и да повторам, дека си навистина посебен. Благодарение на вас, вашето однесување, скромност, дела, сигурен сум, дека ангелите се тука со нас и во човечки облик. Ти беше еден од оние луѓе кои ја враќаат вербата во човештвото, во ангелите кои ја шетаат земјата.
Можете да имате многу повеќе на земјата, но ние ќе го направиме тоа кога ќе се сретнеме во универзумот кога ќе се сретнеме во универзумот.
Драг Тоше те сакаме до последниот здив. Засекогаш мој брат!, гласи емотивниот статус на Цетински кој го објави на официјалната страница од својот фејсбук профил.

Тоа кобно утро на 16-ти Октомври 2007 година, никој од нас не сакаше да поверува во она што го слуша, дека Тоше трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка ама вистината беше сурова и болно реална.

фото:фејсбук/фан тоше проески

Во негова чест и оваа година маратонците заминаа за Хрватска од каде по 12ти пат ќе се трча ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево. 900 километри во чест на Тоше!

To top