Актерката Меган Фокс ретко објавува фотографии од своите деца на социјалните мрежи.
Оваа згодна убавица ја чува својата интимa од очите на јавноста и кога станува збор за нејзиниот приватен живот многу е старомодна.
Оние кои ја следат нејзината работа и кариера знаат дека е во среќен брак со девет години со актерот Брајан Остин Грин со кого има три деца.
Седумгодишниот Ноа, две годишниот Боди и тригодишниот Џерни се најголемо богатство на холивудската актерка.
Фокс денес живее помалку под светлото на рефлекторите, повеќе е посветена на семејството и децата.
Бидејќи наскоро се приближува празникот „Ноќ на вештерките“ , 33 годишната актерка објави семејни фотографии на својот Инстаграм.
Актерскиот пар уживаше со своите деца во паркот во Дизниленд во Лос Анџелес.