Тамара Милутиновиќ го привлекува вниманието каде и да се појави, но и нејзините песни се хитови.
Имено, таа привлече огромно внимание со учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Саша Поповиќ неколку пати истакна дека Тамара спаѓа во редот на оние ретки учесници на „Ѕвездите на Гранд“ кои снимаат песни со кои знаат да го погодат вкусот на публиката, па дури ги пеат и новите кандатити на „Ѕвездите на Гранд“.
Иако е на добар пат да направи кариера, Тамара донесе одлука со оваа професија да се занимава уште неколку години, а потоа да се повлече од музичката сцена.
„Кога размислувам за иднина и го замислувам семејството,мислам дека дефинитивно нема да се занимавам со оваа професија“ призна Тамара.