Познатиот пејач Џастин Бибер одлучи да ги отвори вратите од својот дом на Беверли Хилс и да покаже каде живее со неговата сопруга Хејли Бибер.
Според пишувањата на „The Los Angeles Time“ вилата чини околу 8,5 милиони долари.
Бибер на својот „Инстаграм“ објави сет со фотографии и покажа во каков луксуз ужива.
„Мислам дека ќе го продадам својот дом на Беверли Хилс. Кој го сака?Ќе го направам со мебел.Направите понуда“, напиша Бибер на социјалните мрежи.
Според пишувањата овој имот зафаќа површина од 567 метри квадратни, има пет спални соби, седум бањи,библиотека, вински подрум и домашно кино.
Во продолжение погледнете како изгледа домот на Бибер.
За потсетување, Џастин и Хајли тајно се венчаа претходната година, а пред неколку дена направија и церемонија за своите блиски пријатели.
фото: Инстаграм