Радио Милева два на еден...

ДНК вака го искоментираа почетокот на новата сезона на „1 на 1“ со Жаре: „Леле брат, подобро да нѐ закопаат“!

ДНК вака го искоментираа почетокот на новата сезона на „1 на 1“ со Жаре: „Леле брат, подобро да нѐ закопаат“!

Панчо и Андреј од дуото ДНК не ја примија убаво веста дека почнува новата, 11-та сезона на шоуто  „1 на 1“ со Жаре. Уживајќи на една од плажите во Анталија, ДНК разбраа дека „1на1“ почнува наскоро, па реагираа во свој стил.

„Брат, овој Жаре – 1на1 пак ќе правел нова сезона“, му вели Андреј на Панчо.

„Кој бе Жаре, овој десет години што мисли дека е смешен, што мисли дека е македонскиот Џими Фелон?“, му возвраќа Панчо.

„Ха, Џими Фелон од Влае“, додава Андреј. На крајот и двајцата ќе се сложат дека е подобро да ги закопаат.

ДНК убаво разбрале, новата сезона на шоуто почнува на на 27 октомври, на истата фреквенција, Канал 5 телевизија во 18.30 часот. Први гости ќе бидат Перо Антиќ и Тодор Гечевски. А, ДНК? Кога ќе им дојде редот, нив ќе ги… откопаат!

 

View this post on Instagram

 

ДНК се многу возбудени за #сезона11! ?

A post shared by Жарко Димитриоски (@edennaeden) on

To top