Мегафон

El Chapulín solo: Ману Чао – акустик во Скопје

El Chapulín solo:  Ману Чао – акустик во Скопје

„Таксират фестивал“ го најавува човекот кој ги живее своите песни. Музичар кој не го пишува својот живот, туку го пее. Ману не спие. Ману сонува.

На 24-ти октомври во Младински Културен Центар ќе настапи El Chapulín solo (Manu Chao acoustic), составени од: Ману Чао – глас и гитара, Лучано Фалико – гитара и Мауро Манчебо – бонго.

Ова музичко трио во интимна атмосфера и акустична варијанта сака да ги сподели нивните нови и постари песни: Seeds of Freedom, La Vida Tombola, Sibérie, Mala Vida…

Настапот е со ограничен број од 800 луѓе, а билетите веќе се пуштени во продажба на следниот линк:
https://mktickets.mk/event/manuchao/

Побрзајте! Софија, Бања Лука и Ниш веќе се распродадени!

To top