Радио Милева

„Одиш како девојките на сплав во пет наутро“: Вака изгледаше Даниел Кајмакоски како Тејлор Свифт (видео)

„Одиш како девојките на сплав во пет наутро“: Вака изгледаше Даниел Кајмакоски како Тејлор Свифт (видео)

Втората емисија на „Твоето лице звучи познато“ ја отворија Даниел Кајмакоски и Алекса кои се најдоа во улогата на Тејлор Свифт и Брендон Ури.

Даниел на сцената се појави во  кратко здолниште, розова блуза и штикли однсно стилизиран како Тејлор, а жирито не престана да се смее на оваа изведба.

фото: Принтскрин/јутуб

Посебено импресиониран беше одбојкарот Александар Атанасијевиќ.

„Ова беше фанстастично . Го гледав Даниел и малку се исплашив. Одеше како девојките кои се враќаат од сплав во 4, 5 часот наутро. Не знам како ќе се снајдам во неговата ситуација“ вели спортистот.

Неговиот настап погледнете го видеото подолу.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=132&v=d3OzGqkZ4es

За потсетување, токму поради оваа улога Даниел се најде во центарот на вниманието на медиумите.

Имено, додека тој се подготвувал за Тејлор со лакирани нокти позирал пред фоторепортерите, а во еден момент ненамерно ги ставил рацете во положба на двоглав орел што е симбол за „Голема Албанија“.

По ова фотографија тој наиде на многу негативни критики, а тој се огласи и истакна дека не било намерно, ниту знаел дека тоа е симбол на голема Албанија.

To top