Радио Милева Сестри по судбина

Наташа Беквалац ја ископира Анџелина Џоли: „Злобницата машко повеќе не може да засака“

Наташа Беквалац ја ископира Анџелина Џоли: „Злобницата машко повеќе не може да засака“

Наташа Беквалац стана страв и трепет затоа што  се претстави во јавноста како најопасната и мистериозна „злобница“. Поточно, таа ќе се појави како господарка на злото во новиот спот за дуетската песна „Машко повеќе не можам да засакам“, која ја сними заедно со Емин Јаховиќ, на фотографијата која ја објави на социјалните мрежи облечена во реплика на костимот на Анџелина Џоли од актуелниот филмски хит „Maleficent: Mistress of Evil“ .

За момент помисливме дека сликата е на холивудската актерка Анџелина Џоли, која инаку имаше главна улога во филмската бајка. Сепак, тоа е  Наташа и нејзината улога во видеото, кое има за цел да испрати порака дека двете пејачки се моќни и самоуверени и без мажи.


Емина Јаховиќ најпрво ја искоментирала фотографијата на Наташа на Инстаграм, каде  оставила  знаци на оган и интензитет, додека и двете едвај чекаат да ги слушнат реакциите на публиката за нивната нова песна, која наскоро ќе биде промовирана во етерот., но и за костимите кои ги носат во спотот.

Инаку, пејачките  се договорија да снимат и втор дует откако двете се разведоа – Наташа од Лука и Емина од Мустафа.

Фото: Профимедија/Дамир Дервишагиќ/Инстаграм принтскрин

To top