Младата српска пејачка која се прослави во “Ѕвездите на Гранд“, Теа Таировиќ, изминатата недела не настапуваше.
Не затоа што не можеше да договори тезги, туку затоа што не сакала да се појавува во јавност по естетската интервенција која неодамна ја имала во една приватна клиника.
Како што пишува српскиот портал „Nemazavranjenih.rs“, Теа кај пластичниот хирург го коригирала носот.
По операцијата нормално била во завои и затоа не сакала таква да се појавува. Сега тоа е тргнато и таа повторно може да им се врати на настапите.
Како Теа изгледа по интервенцијата, погледнете од снимката која таа ја објави на Инстаграм.
View this post on Instagram