Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ постојано се навраќа кон минатото, а спомените кои ги има во својата приватна домашна архива од фотографии и видеа, се почесто ги објавува на социјалните мрежи.
Пејачката за српските медиуми не ретко знае да потенцира дека нејзиното семејство секогаш е на прво место, а сега објави снимка од Анастасија каде има 11 години.
Тогаш Анастасија имаше јавен настап и пееше пред публика, додека мама Цеца гордо ја гледаше.
Очигледно е дека Анастасија од мали нозе го покажа својот талент за пеење наследен од мајка си, а снимката наиде на доста позитивни реакции и коментари.
Погледнете: