Сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ важат едни од попознатите македонски пејачки и со одлични вокални способности, а тоа не е чудно кога потекнуваат од музичко семејство.
Едната живее на скопска адреса, а другата е постојано на релација Белград – Скопје, но секогаш се поддршка една на друга.
И двете зад себе имаат успешна кариера, многубројни хитови, фанови кои ја слушаат нивната музика.
И Тамара и Тијана имаат учествувано на Евровизија, а во тие моменти се бодреа заедно.
По „Евровизија“ каде Тодевска постигна исторски успех за Македонија, таа најави дека следува светска доминација и дека следуваат нови песни.
Кога станува збор за дует на двете сестри, тие досега неколку пати објаснија дека едвај чекаат да снимат заедно песна, но пред се треба да се најде добро и квалитетена песна која ќе им одговара на двете.
Па, дали и дојде тој ден?
Имено, Дапчевиќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија од неа и Тамара од студиото на Дарко Димитров, а во описот напиша:
„Со Тамара снимивме дует“, а во описот и додаде смајли за смеење, па дали се пошегува или навистина двете пејачки ќе ги вкрстат вокалите и направат хит останува да видиме.