Радио Милева

Сека Алексиќ и Дара Бубамара постигнаа договор: Двете пејачки ги закопаа „воените секири“?

Сека Алексиќ и Дара Бубамара постигнаа договор: Двете пејачки ги закопаа „воените секири“?

Дара Бубамара и Сека Алексиќ се скараа кога претходната година Дара закажа концерт во „Штарк Арена“, а откако Бубамара закажа концерт, веднаш потоа Алексиќ закажа концерт пред неа.

Токму поради ова, двете пејачки објавија „војна“ и не разговараат.

Меѓутоа, изгледа пејачките успеале да постигнат договор и заедно ќе настапат.

Клубот „Готик“ овој викенд ја отвара својата четврта сезона, а она што посебно привлече  внимание е тоа што Дара и Сека ќе настапат заедно.

Како што тврди извор за „Ало“, договор не било лесно да се постигне договор, но на крајот прифатиле да настапауваат една по друга, односно Дара во петок, а Сека во сабота.

„Отварање на клубот беше предвидено и за порано, првата идеја беше Сека да ја отвори зимската сезона. Во договор за прво викенд – отварање беше и Дара, но не се знаеше која прва ќе настапува“ вели изворот.

фото: Промо

Со деновиве се догаварале за настапите, а ни Скеа ни Дара не им се допаднала идејата да настапуваат една по друга. Ниту една не сакала да попушти и да го одложи својот настап.

фото: Промо

„Додека се водеа преговори за отварање на клубот, Дара нагласи дека во никој случај не сака да се сретне со Сека или нејзиниот сопруг. Објасни дека ќе биде максимално професионална, но дека не и се допаѓа приказната од претходната година кога Сека закажа концерт после нејзиното закажување.Газдата на клубот и кажа дека не треба да се грижи, дека имаат различна публика и дека двете се пријатели на тој клуб, па не сака проблеми ниту со една ниту со другата. Бидејќи и двете неколку години настапуваат во овој клуб, тие прифатија да се договорат“ вели изворот за „Ало“.

За потсетување, Дара неодамна беше гостинка во емисијата „Амиѓи шоу“ каде што откри дека не се смирала со Сека и нема да се смири.

To top