Радио Милева минато свршено време

Љупка Митрова не одолеа на предизвикот: Се’ е добро, кога добро ќе се сврши! (ФОТО)

Љупка Митрова не одолеа на предизвикот: Се’ е добро, кога добро ќе се сврши! (ФОТО)

По објавата на написот со наслов:  Љупка Митрова ја отвори душата… меѓу редови: „Најубаво изгледам кога емотивно сум повредена“ на нашиот портал Вистина.ком.мк, атрактивната македонска модна блогерка, инфлуенсерка и модел не одолеа на фрлената ракавица, па веќе следниот ден одговори на предизвикот преку својот Инстаграм профил.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ljupka-mitrova-ja-otvori-dushata-megju-redovi-najubavo-izgledam-koga-emotivno-sum-povredena-foto/

Имено, згодната струмичанка споделувајќи го објавениот текст во една-две реченици го кажа своето. Како одговор на нашето!

„Минато свршено време“ – напишала Љупка за врската со Дарко-Спејко и додала: „Како сум денес знаат тие што ме познаваат, останатите може само да нагаѓаат“! Одговор од кој не е тешко и да погодите како е… и пред да ја запознаете!

Зашто, ако добро размислите и го проанализирате нејзиниот одговор, ќе сфатите дека тој кажува многу повеќе од кажаното! Очигледно љубовта со Спејко  за Љупка Митрова не беше само обична попатна авантура на минување, туку нешто што очигледно оставило многу подлабок траг кај неа… Колку длабок – само таа си знае! И можеби по некој од тие што лично ја познаваат… одблизу! На останатите им е секако јасно дека од неа Спејко учеше… Како од поискусна жена, која веќе имала брак…  и брачни обврски зад себе!

Дел од наученото, впрочем веќе го прикажа во првата следна прилика… пред фотобјективот! Се разбира прикажаното не беше само збир на пресликани пози за сликање.

Впрочем приватната архива од камерата на мобилниот го потврдува тоа!

Страсна акција за емотивна утеха или вовед во нова авантура, како подготовка за она што го чека во „Задруга 3“, сеедно! Спејко го слави животот како и Љупка, само секој на свој начин! Секој во своето сопствено „реално шоу“!

Пред да влезе во „Задруга 3“  кумановскиот „голем брат“ прв „отвори душа“, па проговори за нивното „минато свршено време“, а и за тоа како му се сега односите со „бившата“. За да знаат сите, наместо да „нагаѓаат!“

„Ништо, прекинавме. Не ја потврдувавме веста, ниту демантиравме ама подолго време како не сме заедно. Меѓу нас никогаш не постоела љубомора, се подржуваме, малку ни се одвоија патиштата, ништо сериозно. Ќе останеме во доби односи, и мислам дека секој пар што се подржува меѓу себе за време на врската, се подржуваат и после тоа. Јас секогаш за било која моја бивша девојка сум среќен кога ќе видам дека и таа е среќна, затоа што знам дека истото ми го посакуваат и мене“ – изјави некогашниот победник во „Големиот брат“.

Љупка се’ уште молчи. Не ја кажала својата верзија ниту за причините за раскинувањето, ниту за тоа дали е среќна и што потоа? Освен што потврди дека таа „љубовна бајка“ е „минато свршено време“! Но, според кажаното, барем од Спејко – добро е!

Особено, се’ е  добро, кога добро ќе се сврши! Со хепи енд! Без оглед што љубопитните кибицери не дочекаа да видат: „Дали на крај, децава ќе се земат?“

Ама затоа љубопитно чекаат дали и што ќе се случи со Спејко во реалното шоу, дали само ќе легне или ќе се врзе за друга во „Задруга“?

Како што љубопитните со душа ја чекаат новата еротска фотосесија или поточно моден едиторијал на Љупка со модниот фотограф и режисер Зоран Стојановски Зонде, со кого не и е прва соработка, а во него таа рекламира долна облека за еден од најреномираните производители во регионот!

До тогаш… мало видеопотсетување на едно модно минато „(не)свршено“ време!

To top