Радио Милева

Кевин Спејси во ресторанот на Новак Ѓоковиќ јадеше ајвар (фото)

Кевин Спејси во ресторанот на Новак Ѓоковиќ јадеше ајвар (фото)

Холивудскиот актер Кевин Спејси веќе три дена е во Белград, а сношти беше гост на семејството Ѓоковиќ во нивниот ресторан на Нов Белград.

Кевин во ресторанот пристигнал во друштво на братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ.

фото: Профимедиа

Тие уживале во домашна храна и разговарале за хуманитрани работи.

Актерот бил љубезен и разговарал со вработените во ресторанот. Сите кои посакале да се фотографираат тој им ја исполнил желбата.

Кевин исто така уживал во чорби и ајвар.

фото: Профимедиа

Меѓутоа,  во еден момент ги спуштиле ролетните за да не го фотографиират актерот. Ѓорѓе и Новак разговарале за начинот на исхрана на Ѓоковиќ, додека останатите разговарале за работа, филмови и други теми.

фото: Профимедиа

Менаџерот на Кевин исто така бил со познатиот актер, а од ресторанот излегле со подароци спакувани во брендирани кеси со ликот на Новак.

За потсетување, во 2013 година, актерот му правеше друштво во соблекувалната на Новаќ Ѓоковиќ, му честиташе за победата и направија заедничко селфи со пехарот.

To top