Мегафон ништо лично

Лет во место: Арачиново calling… Заев, we have a problem! (ВИДЕО)

Лет во место: Арачиново calling… Заев,  we have a problem! (ВИДЕО)

Им ветуваше мед и млеко, а не успеа ни канализација да им направи.

Зоран Заев го сруши сонот на многу млади арачиновци, кои три години живееле со надеж дека еден ден ќе управуваат борбени авиони, видно разочарани и со тажни лица пред камера зборуваат како им било ветувано дека ќе станат пилоти, ама заборавиле да проверат дали Македонија има авиони.

Ако во Арачиново ветувал дека ќе има 300 пилоти, сигурно во Матејче дал ветување за 3000 стјуардеси, ах бе друже Заев ја претера. Твојов авион паѓа забрзано, а не си ни свесен дека пилотите веќе се катапултираа, со празни ветувања и лажна надеж броени ти се деновите на власт!

Авионите се полни ама со оние што одат во Германија, Швајцарија, Белгија, Америка, Канада, Австралија… Полни се со млади кои не ја гледаат иднината во Македонија, токму заради ваквите како тебе друже Заев… –  пишува меѓу другото поратлот Курир.мк…

И сега се пали црвениот аларм! Ај што арачиновци заборавиле да проверат дали Македонија има авиони, ама прашањето е зошто Заев не им кажал дека државава или поточно АРМ, воени авиони – не поседува! Освен оние за прскање против комарци! Нема ниту цивилен државен аеропревозник, а камо ли борбени ловци?! И сега, „Арачиново calling…  Заев,  we have a problem!“

Епа арачиновци – наздравје. Следниот пат повторно да му верувате на „кептен Зоран“ и пак да гласате за него и неговата партија!

До следните избори, другари несудени пилоти, поздрав… Со песна!

https://www.youtube.com/watch?v=BmuNgi-_Of0

To top